Бизнис
4. December 2019 - 19:26

Домашните и странските компании како соседи кои не комуницираат

Македонските компании да чукнат на вратата на странските и да побараат соработка. Да не чекаат странците да дојдат и да ги прашаат дали сакаат да работат заедно. Според странските инвеститори во земјава, домашните компании не покажуваат иницијатива за да се вклучат посериозно во работата на големите странски фирми кои вложиле во зоните или надвор од нив. Вклучени се како обезбедување, како доставувачи на храна, но посериозна соработка нема.

Македонските компании поседуваат потенцијал, но за тој да се искористи и државата треба да помогне. Треба да се намали административниот товар за фирмите, но и конечно да се реформира образованието односно да продуцира кадри кои од средношколските или факултетските клупи ќе излегуваат со практично знаење. Домашните компании пак треба да понудат поквалитетни производи.

Европската унија преку проекти помага домашните фирми повеќе да соработуваат со странските. Последниве две години еден таков проект е спроведен во соработка со Машинскиот факултет, Стопанската комора и Техничкиот универзитет во Виена. Шест макеоднски компании преку овој проект се избрани за соработка со странските инветситори.