Loading Video...
Кошарка
11. December 2019 - 9:54

Доминација на домаќините на синоќешните средби во НБА лигата

 
 
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни четири натпревари, а сите завршија со победи на домашните екипи. 
 

Најнеизвесниот го одиграа Мајами и Атланта, во кој победникот беше решен по продолжението. Откако регуларниот дел заврши без победник 117-117, во продолжението „Жеските“ остигнаа до победа со конечни 135-121. 

 
Тројца играчи на мајами постигнаа 30+ поени, а двајца средбата ја завршија со трипл-дабл.  Адебајо покрај 30 поени имаше и по 11 скокови и асистенции. Џими Батлер на 20-те поени придодаде 18 скокови и 10 асистенции, а Нуни и Робинсон постигнаа 36 односно 34 поени. 
 
 
Филаделфија предводена од Ембид и Харис го победи Денвер со 97-92. Џоел Ембид оствари дабл-дабл со 22 поени и 10 скокови,а Харис на 20-те поени придодаде и 7 асистенции.  Бартон со 26 поени беше најефикасен кај „нагетси“ за кој Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 15 поени и 11 скокови. 
 
На останатите два натпревари Шарлот беше подобар од Вашингтон со 114-107, а Портлан го победи Њујорк со 115-87.