Македонија
3. January 2018 - 12:49

Донација на Црвен Крст Куманово за 90 социјални семејства

Општинската организација на Црвениот Крст Куманово донира помош за 90 семејства од социјално ранливи категории граѓани во Куманово и соседните општини.

- Во декември, особено во предновогодишниот период, се погриживме во рамки на своите можности да обезбедиме пакети со храна, хигиена и облека за 30 социјално најзагрозени семејства од градот и општината Старо Нагоричане, изјави секретарот на кумановскиот Црвен Крст Бојан Петрушевски.

Хуманитарна помош, информираа од Црвениот крст, во декември била донирана и на семејства од кумановската населба „Средорек“. Помошта опфаќа пакети со храна за новороденчиња, пелени и облека.

Црвен крст Куманово ќе продолжи да помага и во 2018 година заедно со општествено одговорни претпријатија и хуманите граѓани.