Донација од ОБСЕ за Центарот за обука на МВР

Донацијата во опрема од ОБСЕ за Министерството за внатрешни работи денеска е предадена во Центарот за обука на МВР. Вкупната вредност на донацијата е околу 44.000 евра.
-Денешнава донација за потребите на организациските единици при МВР, не е прва, а верувам - ни последна, во нашето партнерско портфолио. Всушност ние заедно направивме и правиме многу значајни чекори во стандардизирањето, професионалната надградба и развој на полициската служба, рече на примопредавањето на донацијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ние, рече, како актуелно раководство го сметаме и секојдневно промовираме како базичен во полициското работење концептот на полиција во служба на граѓаните, како нивен сервис, што целосно, безрезервно, ќе биде насочен во остварување и заштита на сите граѓански права во доменот на полициските обврски и надлежности.
- Наша визија е да воспоставиме систем што целосно ќе биде втемелен врз легалистичките принципи на работа и постапување, градење на вредности што ќе ја реафирмираат улогата и местото на полицијата во системот, во општеството, во локалните средини, меѓу граѓаните. За таа цел, убеден сум дека еден од клучните партнери, меѓу другите е токму и мисијата на ОБСЕ, со сето свое искуство и професионален бекграунд, особено во поглед на полициското работење, на полициските процедури и стандарди на постапување, рече министерот Спасовски.
Амбасадорката Нина Сумалаинен, како што соопшти МВР, рече дека долги години Мисијата на ОБСЕ го поддржува МВР во зајакнување на институционалните капацитети.
-Ние како мисија презедовме и неколку иницијативи за приближување на полицијата кон граѓаните. Во тој поглед би ги споменала канцелариите за прием. Тоа е првото нешто што граѓаните го гледаат при влез во полициската станица, рече Сумалаинен.
Мисијата на ОБСЕ, додаде, го поддржа опремувањето на четири канцеларии во полициските станици во Охрид, Тетово, Бит Пазар и Куманово- рече амбасадорката Сумалаинен, која изрази благодарност до раководството на МВР за одличната соработка.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
