Доналд Трамп го нараче спикерот Пол Рајан „слаб и неефикасен“ политичар

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го нападна спикерот на Конгресот на САД, републиканецот Пол Рајан, дисквалификувајќи го како „слаб и неефикасен“ политичар.
Острите критики на сметка на Рајан, еден од водечките политичари на Републиканската партија, доаѓаат по неговото соопштение дека повеќе нема да го брани, застапува и да го подржува Трамп.
Спикерот Рајан се дистанцира од официјалниот кандидат на партијата, откако во петокот беа публикувани видео снимките, снимени во 2005 година, на кои Трамп прави коментари за жените и зборува за секс со омажени жени и изнесува други агресивни сексуални коментари.
Реагираше Белата куќа, чиј портпарол го квалификува однесувањето на кандидатот на републиканците, како „сексуално насилство“, но остро реагираа и низа републикански политичари во САД.
Според американските медиуми, речиси половината од вкупно 331 републиканец во Сенатот и во Конгресот, како и гувернери, се дистанцираа целосно од својот претседателски кандидат, додека десет отсто од нив , јавно побараа од Трамп да се откаже од кандидатурата и да си замине.
Единствен кој јавно го бранеше е потпретседателскиот кандидат Мајк Пенс кој изјави дека Трамп е „цврст борец“ и дека може да победи на изборите на 8 ноември.
Спикерот Рајан изјави дека сега целата своја политичка активност ќе ја насочи кон изборите за Конгресот и Сенатот, настојувајќи републиканците да не го загубат мнозинството што го имаат во Претставничкиот дом.
Освен кон Рајан, Трамп се нафрли и врз своите сопартијци, обвинувајќи ги за нелојалност.
„Доаѓаа кај мене републиканци од сите страни, но ваквата нивна нелојалност е потешка за борба, од борбата со демократите, рече Трамп за домашните медиуми.
Последните истражувања покажуваат дека по инцидентот со коментарот за жените, демократката Хилари Клинтон ја зголеми предноста. Доколку сега би се гласало, таа би освоила 49 отсто од гласовите, додека за Трамп би гласале 38 отсто од Американците.
Републиканскиот штаб околу Доналд Трамп сега целосно се насочи кон нападите врз Клинтон за службената електронска пошта, што таа како државен секретар на САД, често пати ја испраќала од својот приватен сервер. ти/ац/08:55
Ново на Сител
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
