Доналд Трамп го нарече „генијален“ потегот на Путин за Украина
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече „генијален потег“ наредбата на Путин за испраќање војници во источна Украина.
Трамп беше гостин во емисија на американско десничарско радио, каде што беше запрашан за одговорот на Бајден на одлуката на Путин да ги признае сепаратистите и да испрати војници во источна Украина.
„Вчера го гледав на телевизија и реков „ова е генијално“. Путин прогласи независен дел од Украина. О, тоа е прекрасно. Затоа Путин вели дека голем дел од Украина е независен. Реков „колку е паметно ова“. Тој ќе оди таму и ќе биде миротворец. Тоа е најсилната мировна сила. Ние би можеле да го направиме тоа на јужната граница на САД“, рече Трамп.
Трамп продолжил да го фали Путин: „Морате да признаете дека е прилично вешто. А каков беше одговорот на Бајден? Немаше одговор“, рече Трамп , пренесе Вашингтон Пост.
Трамп продолжи да го фали Путин и да го критикува Бајден.
„Помислив,“ Колку е паметно тоа? Ќе влезе таму и ќе биде миротворец. Тоа е најсилната мировна сила… Можеме да ја искористиме на нашата јужна граница. Мора да признаете, тоа е многу мудро. Знаете каков беше одговорот на Бајден? Немаше одговор“, нагласи Трамп.
Претходно поранешниот американски претседател ја критикуваше администрацијата на актуелниот претседател Џозеф Бајден поради кризата во Украина, велејќи дека сè што се случува сега нема да се случело за време на неговата администрација, бидејќи тој „добро го познава рускиот претседател Владимир Путин“.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси