Донаторска конференција за манастирот „Св. Преображение Христово“ во Гостивар

Здружението за изградба на манастирската црква „Св. Преображение Христово“, синоќа во Гостивар ја одржа првата донаторска конференција за прибирање на средства за изградба на ова православно светилиште.
Во присуство на верници, претставници на компании и други гости беше претставен проектот, кој како што беше кажано, во догледно време ќе биде манастирски комплекс.
Надлежниот митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, во своето обраќање ја поздрави иницијативата на жителите на населбата Циглана, кои како што кажа вложиле големи напори за да се отпочне градбата.
- Добро е што и оваа генерација продолжува да создава нови или да возобновува од старите градби. Денес и покрај економските состојби секоја епархија на свој начин е градилиште. Покрај во Скопје денес се градат храмови и во многу други места низ Македонија и меѓу македонците по светот. Очигледно, духовните потреби и традицијата да издвојуваме за Бога, придонесуваат и оваа генерација да ја красат бројни ктиторски и неимарски тајфи, рече митрополитот г. Јосиф.
Претседателот на здружението Даниел Радески, се збалагодари на сите кои досега го помогнале градењето на манастирот и на сите помагатели им врачи благодарници. Тој потсети дека во Гостивар по пауза од 120 години се гради нов православен храм. Особена благодарност му искажана на Крсте Спасеноски кој ја даруваше парцелата од 10.000 квадратни метри.
- Оваа идеја стана реалност во октомври 2014 година, откако по подготвителните работи, поддршката на локалните власти и добивањето на благослов, беше поставен камен темелникот. Зад секоја голема работа и зад секој успешен проект покрај желба, потребна е и неизмерната помош, која ја добиваме, нагласи Радески.
На синоќешната донаторската конфренција за изградба на манастирот, поединци и компании во пари и материјали даруваа 32.220 евра.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
