Донаторски состанок на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам
Во просториите на Владата на Република Македонија, денеска во организација на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот се одржа Втор донаторски состанок на кој присуствуваа претставници на амбасадите, меѓународните организации и невладиниот сектор во земјата.
На состанокот, како што информираат од владината прес-служба, биле разгледани тековните активности на Националниот комитет и е констатирано дека треба да се интензивираат средбите со цел поуспешна координација на проектите во кои меѓународните партнери и граѓанските организации учествуваат, а кои подоцна се имплементираат во согласност со акциските планови.
Во своето обраќање пред присутните, Националниот координатор Борче Петревски, кој беше придружуван од заменикот Џеладин Ајвази, изрази благодарност и признание за големата посветеност и поддршка од страна на меѓународните партнери граѓанските организации во Република Македонија, кои придонесуваат во работењето на националното координативно тело и планираните активности.
- Целта на состанокот е да ги ажурираме и усогласиме активностите на меѓународните партнери и организациите од граѓанското општество со цел да се согледаат приоритетите за поефикасна соработка, поквалитетни резултати и долгорочен ефект од активностите во областа на превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, рече Петревски.
Беше констатирано дека Владата на Република Македонија, со приоритетните цели кои се планирани за периодот 2019-2022 година, ја потврдува посветеноста на превенцијата и сузбивањето на овие закани, со координирана акција со стратешките партнери и нашите соседи во регионот.
Како приоритет, се наведува во соопштението, во идните активности е нагласено и поактивното вклучување на НВО секторот во конкретни проекти, со цел усогласување и унапредување на механизмите за постигнување комплементарност.
Учесниците на Донаторскиот состанок ги презентираа своите тековни и идни проекти, а кои се однесуваат на спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои можат да водат кон тероризам, поздравувајќи ја иницијативата за интензивирање на соработката во иднина, со што како што оценија ќе се остварат стратешките приоритети и цели на локално, национално и регионално ниво.
Ново на Сител
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники