Донесен буџетот на општина Центар
Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016-та година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари.
- Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани се форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите, информира општина Центар.
Капиталните проекти во општина Центар се изградба на ново основно училиште во Капиштец, за што се предвидени 341.000.000 денари, од кои 100.000.000 се планирани во буџетот, како и доградба на училници во основното училиште „Гоце Делчев“, со вкупна вредност од 21.000.000 од кои 10.000.000 се планирани во буџетот за 2016.
Меѓу покрупните проекти опфатени со буџетот за реализација во 2016 се одржување, изградба и реконструкција на урбана опрема, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, на локални патишта и зимско одржување, одржување и изградба на паркови и зеленила...
За детска заштита ќе се издвојат 130.660.000 денари, а предвидена е и реконструкција на улицата „Ленинова“ („Аминта Трети“), на дел од „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот