-->
-->
Дожд и силен ветер - попладне доаѓа страшно невреме, нова прогноза на УХМР
-->

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м 2 ): 20 Пожаране, 19 Тетово, 16 Маврово, 14 Лазарополе, 10 Гевгелија, Дебар, 8 Скопје, 6 Дојран, 4 Куманово, 2 Крушево, 1 Ѓуриште.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2, а можна е и појава на краткотрајно невреме. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец.

Најсилен ветер се очекува во источните делови на Повардарието и на југозападот од земјава. Попладне ветерот ќе почне да се менува во северозападен.
Во ноќните часови поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, но ќе слабеат и престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје температура до 16 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието.
Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
