-->
-->
Драма во семејството на славниот актер - Бали Бег добива застрашувачки закани
-->

Турскиот актер Бурак Озчивит упаднал во проблеми со криминалци поради луксузната вила која ја купил во близина на Истанбул.
Имено, тие му се заканиле поради тоа што тој со жената и синот се вселиле во таа вила, која инаку ја платил повеќе од два милиони евра.
Во почетокот Бурак не обрнувал внимание, но сериозно сватил кога криминалците почнале да му се закануваат дека ќе му го киднапираат синот. Тогаш случајот го пријавил во полиција.
“Проблемот се случил кога Бурак дознал дека уште некој бил заинтересиран за тој имот и дека цената не била важна. Глумецот бил прв кој дал аванс, а другиот купувач останал без вилата. Набрзо се дознало дека заинтересираниот купувач бил припадник на криминалното подземје и дека воопшто не му било сеедно што останал без вилата која по секоја цена ја сакал да ја упише во имотната картица“, изјавил извор близок на глумецот за странски медиуми.
“Верува дека се ќе се среди, иако сепак не му е сеедно. Ангажирал телохранители без кој не излегува од дома, и се надеваат дека таа драма ќе заврши“, заклучил изворот близок на брачниот пар.
Инаку, цела оваа ситуација довела до тоа дека Бурак повторно посетил психијатер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
