Спорт плус
28. May 2022 - 17:10

Драматичен пораз во Романија

Неизвесен и до крај драматичен дуел се одигра во рамките на Сребрената лига во кој Македонија е поразена на гостински терен од Романија со 3-2. 

(25-22, 25-17, 22-25, 19-25 и 15-13). И покрај поразот Македонија  освои бод од овој меч од групата во Европската сребрена лига.
 
Домашните водеа со 2-0, но македонските одбојкари возвратија и го изедначија резултатот на 2-2 пред решавачкиот сет во кој беше неизвесно но во финишот посреќни беа Романците.
Капитенот Ѓоргиев со 27 поени беше најдобар наш поединец, Савовски и Маџунков додадоа по 10 поени.
 
Следната средба ја играме на домашен терен против Албанија.