Бизнис
26. September 2019 - 12:35

Државата ќе ги преквалификува административците за приватен сектор или компаниите ќе добиваат субвенции за преземен работник

Приватните компании кои ќе земат работници од администрацијата и јавниот сектор ќе добиваат субвенции за придонесите или државата ќе ги преквалификува овие кадри за да можат да работат во приватен сектор. Министерот Манчевски вели дека со реорганизацијата на администрацијата кадрите кои не работат ќе бидат први за префрлање. Ќе се исклучат вишокот работни места, па работниците на тие позиции ќе бидат префрлени на други.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Грујовски, пак, вели дека повеќе барања кои биле доставени до МИОА не се прифатени. Пред две недели УПОЗ предложи нов начин на пресметка на платите, а според Грујовски, премиерот Заев позитивно одговорил на нивното барање, но изостанал одговор од МИОА и Министерството за финансии. Според него, новите измени во Законот за администрација и административни слижбеници има недостатоци кои ќе мора да се променат пред да влезе во собраниска процедура.
 
Даниел Василев