Македонија
15. April 2023 - 8:26

Државна и црковна делегација во посета на Ерусалим

Владина и црковна делегација во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб.

Делегацијата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел, соопштија од Влада.