Државниот совет на Турција ќе се произнесе за статусот на „Света Софија“
Државниот совет што е висок административен суд во Турција, денеска ќе се произнесе за прашањето за отворање на храмот Света Софија во Истанбул за муслимански верски обреди, јавија турските медиуми.
Весникот „Јени Шафак“ пишува за „две формули за Света Софија“.
Според медиумот, се разгледуваат две можни опции за акција во случај барањето да биде одбиено од Државниот совет. Првата – со претседателски указ повторно да се направи Света Софија џамија. Според втората формула, претседателството ќе ја однесе одлуката на судот до Генералниот директорат за фондации, барајќи „да се направи она што е неопходно“. Дирекцијата за фондации е владина институција што управува и надгледува верски фондации. Во обете варијанти, одлучувачки збор ќе има претседателот Реџеп Таип Ердоган, пишува Јени Шафак.
Турски медиуми вчера јавија дека веќе е донесена одлука дела пренамената на црквата Света Софија во Истанбул во музеј во 1934 година била незаконска, изјавија двајца неименувани официјални претставници.
Ако судот донесе таква одлука денеска, тогаш се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.
Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.
Пред минатогодишните избори претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја најави можноста Света Софија да се пренамени во џамија. Противниците на пренамената на Света Софија оценуваат дека актуелниот музејски статус е симбол на секуларниот Устав на Турција.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на Света Софија е прашање на националниот суверенитет.
Турските планови за Света Софија не наидоа на одобрување од САД, Русија, Грција и црковните власти.
Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на Света Софија во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор помеѓу истокот и западот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка