Loading Video...
Фудбал
19. November 2019 - 14:23

Дуелот Фарски Острови - Македонија (У21) одложен поради замрзнат терен

Репрезентацијата на Македонија до 21 година, нема да го игра својот дуел во европските квалификации против врсниците од Фарски Острови. 
 
Поради немаше услови односно замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн, каде требаше са се игра натпреварот Фарски Острови – Македонија истиот е одложен. 
 
Македонија У21 во квалификациската група е на третото место со седум бода, исто колку Израел и Казахстан. Лидер е Шпанија со четири победи на четири меча, додека Фарски Острови се заковани на дното без бодови.
 
Овој натпревар ќе се игра во јуни, а следните два дуели за избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги играат кон крајот на март месец следната 2020 година, и тоа против Израел, кога прво на 26-ти во Скопје ќе бидеме домаќини, а вториот ќе го играме на гостински терен на 31 март.