ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори

Централното претседателство на ДУИ на седницата што попладнево се одржа во партиското седиште во тетовска Мала Речица ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори.
- Изборите на 15 октомври се многу значајни бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија за нивните секојдневни потреби. Имајќи го предвид фактот дека ДУИ ужива најголема поддршка кај граѓаните, а нашите кандидати имаат најголема шанса да бидат избрани ние направивме широки консултации за да избереме кандидати со личен и професионален кредибилитет и јасна визија за иднината на општините, рече портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ Арбр Адеми.
Тој ги посочи и поединечните кандидати за секоја од овие општини – за Липково кандидат ќе биде магистерот по правни науки Ерхан Арифи, во Арачиново историчарот Исуф Бислими, за Чаир унивезитетскиот професор Висар Ганиу, за Шуто Оризари кандидат ќе биде правникот Џелал Чајани, за Стденичани кандидат за гардоначалник од ДУИ ќе биде хемичарот Феми Јонузи, за Сарај ќе биде правникот и член на Централното претседателство на ДУИ Блерим Беџети, во Желино повторно ќе се кандидира сегашниот градоначалник Фатмир Изаири, во Теарце исто така актиуелниот градоначалник Исен Асани, исто и за Тетово од ДУИ кандидатка ќе биде актуелната градоначалничка Теута Арифи, во Боговиње кандидат ќе биде историчарот Берзат Бејтулаху, во Врапчиште економистот Гајур Рушити, за Гостивар повторно кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Невзат Бејта и за Дебар актуелниот градоначалник Ружди Лата ќе биде кандидат и на овие избори, како и во Кичево каде тоа ќе биде Фатмир Дехари, Исамил Јаовски ќе биде кандидат за Пласница, за Долнени ќе биде правникот Џемил Ќамили, во Струга тоа ќе биде економистот Рамиз Мерко.
За општина Брвеница ДУИ нема да номинира свој кандидат туку ќе ја поддржи независната кандидатура на актуелниот градоначалник Енвер Пајазити. За Битола, Охрид и Гази Баба ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
