ДУИ најмногу советници во Дебар, ТДП во Центар Жупа
На вчерашните локални избори за членови на општинските совети во Дебар, најмногу советнички места обезбедила ДУИ, додека во Центар Жупа, Турската демократска партија.
-Во новиот совет на општина Дебар, кој брои 15 членови, шест обезбеди ДУИ, пет Алијансата за Албанците-Алтернатива, додека по две советнички места имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. На вчерашните избори од вкупно запишаните 19.211 лица со право на глас истото го остварија 8.046, изјави за МИА, Саит Абазоски, од ОИК за Дебар.
Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, од вкупно запишаните 7.317 гласачи, на гласање излегле 1.886 или 25,77 отсто.
-Во Советот на општината, кој брои 11 членови, пет обезбеди Турската демократска партија, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците, додаде Илјаз.
Во двете општини се гласаше на 27, односно 16 избирачки места и според ОИК изборниот ден минал мирно, освен со малите технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар