ДУИ: Прекинете ја оваа лудост, последиците ќе бидат незамисливи

Најтесното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција вчеравечер на вонреден состанок одлучило в понеделник да го свика највисокото партиско тело во пресрет на закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември за Законот за употреба на јазиците, како што соопшти партијата, „за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на Владата да ја дестабилизира земјата“.
-Вчера вечер, тесното Претседателство на Демократската унија за интеграција одржа состанок за да ја процени загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември, која има за цел да го укине Законот за употреба на јазиците и, преку тоа, да го поништи Охридскиот рамковен договор и мирот што тој го воспостави. Тесното раководство оцени дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на нелегитимната влада и претставуваат сериозна закана за стабилноста на земјата и меѓуетничката хармонија. Во пресрет на оваа неприфатлива состојба, Тесното раководство одлучи да го свика највисокото партиско тело во понеделник, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на владата да ја дестабилизира земјата, стои во соопштението.
Истовремено, дополнуваат, уште еднаш ги повикуваме сите актери вклучени во овој монструозен и крајно опасен план да ја прекинат оваа лудост, бидејќи последиците ќе бидат незамисливи.
-ДУИ останува посветена на заштитата на Охридскиот рамковен договор и на сите достигнувања што ја гарантираат еднаквоста и мирот во Северна Македонија. Во овие клучни моменти, ги повикуваме сите граѓани и меѓународните фактори да останат обединети во одбраната на мирот и стабилноста, соопшти ДУИ.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
