Дунав исфрли торба полна со човечки коски без череп, кој ќе ја реши мистеријата
Во торбата која на Велики петок ја исфрли Дунав се наоѓале коски без глава како и личен багаж и работи од Кина, па е можно жртвата да е државјанин на таа земја.
-Во торбата се наоѓаа измешани коски кои најверојатно се човечки. Покрај нив беше некое црно крпче, метален рачен часовник, кутивче малку поголемо од кибрит, шишенца со кинески букви. Не видов череп, но изгледаше како некој да ги исекол екстремитетите и да ги спакувал во кинеска торба, со овие зборови Жарко Ристиќ, чувар на наспиот во Крњача ја опиша грозоморната глетка кога на Велики петок на 29 април го видел куферот што Дунав го исфрлил. Торбата е пронајдена на брегот на реката на километар ипол од Панчевачкиот мост, под насипот во Крњача/
Торбата висока половина метар ја нашол еден мештанин и пријавил во полиција. Им ја отворил рампата за да поминат до насипот и да направат увид. На коските немаше видливо ткиво, меѓутоа имаше и кал. Сепак верувам дека меѓу нив препознав ребра и екстремитети. Се гледаше бутната коска. Имаше црна крпа внатре, а претпоставувам дека тоа беше дел од гардеробата која изгнила во водата, тврди Ристиќ/
Според непотврдени информации, часовникот кој е пронајден во торбата е од кинеско производство.
-Сказалките покажуваа 9.20. На него стоеше и датумот 6. јули 2015 година. Се сомнева дека тогаш деловите од несреќното човечко битие се скапувани и фрлени во вода. Постои сомнеж дека пронајдените коски без череп се од некој кинески државјанин. Во прилог на тоа одат и повеќето работи пронајдени во торбата кои биле од кинеско потекло, вели извор од истрагата.
Според нив можно е да станува збор за Кинез кој работел во Србија.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан