Двајца Албанци загинаа во руско-украинската војна
Албанскиот парламентарец Пандели Мајко соопшти дека двајца Албанци загинале во борбите во источна Украина, а веста ја добил од албанскиот конзул во Украина.
„Од денеска Украина има уште два сина, од редовите на албанската дијаспора, кои паднаа во војната. Тие беа војници на украинската армија кои се бореа и ги дадоа своите животи за време на својата должност како херои“, напиша Мајко.
Еден од загинатите е Дерментли Анатолиј од албанското село Каракурт (во областа Одеса). Роден е на 3 септември 1980 година. Тој беше мобилизиран во 118-та механизирана бригада во регионот Запорожје. На 15 октомври го загуби животот во борбена мисија.
Вториот кој загинал е Хајдаржи Данило, роден е во албанско семејство на 26 јануари 2002 година во селото Георгивка (Запорожје). Тој беше второ дете во неговото семејство, кое моментално сè уште живее во областа окупирана од руските војници. Кога започна војната, тој беше во Полска. Во летото 2022 година, тој доброволно се пријави на мобилизација, но беше одбиен (поради неговата возраст). Во 2023 година, по неговиот 21 роденден, тој повторно се пријавил и доброволно служел во вооружените сили на Украина. Служел во воената единица А290, а загинал во борбената зона во селото Лиман, во близина на градот Купијанск, во областа Харков.
Ново на Сител
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023