Двајца работници загинаа при ископ на земја во Чаир

Двајца работници починаа, а еден е пренесен во болница откако врз нив паднала земја при вршење на ископ на земјиште со багер на улицата „Кемал Сејфула“, спроти поликлиниката „Чаир“.
Полицијата соопшти дека настанот се случил денеска околу 11 часот при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, при што дошло до лизгање на земјиштето и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица на возраст од 26 и 28 години починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
На местото на настанот испратени се екипи од итната медицинска помош и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Смртта на починатите ја констатирале лекари од итната медицинска помош. Известени се јавното обвинителство и трудов инспектор.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
