Loading Video...
Спорт плус
26. July 2020 - 19:47

Две 6-ти места за Иџе Стефановски на „Гробник“

Два пласмана на 6-тата позиција оствари Игор Стефановски Иџе на двете трки во Хрватска од ТЦР шампионатот.  На Херез каде се возеше трка од СП  во мотоциклизам нов триумф на Французинот Квартараро. 
Нашиот најдобар автомобилист  Игор Стефановски Иџе денеска се појави на двете трки на патеката Гробник кај Ријека и во рамките на ТЦР шампионатот за Источна Европа освои два пласмана на 6-тата позиција што му донесе вкупно 16 бода во генералниот пласман со возилото Хјундаи. 
На трката доминираше српскиот возач Борковиќ кој го освои првото место во двете возења пред Милован Весниќ и Матеј Конопка. 
Од вкупно 18 натпреварувачи во генералниот пласман води Борковиќ со 50 поени додека Иџе на 6. Место со 16.