Две бронзи за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Кипар
Македонските средношколци Владимир Максимовски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел, Скопје и Димитар Бајрактаров, ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица освоија два бронзени медали на 24-та Балканска олимпијада по информатика, која од 27-ми јуни до денеска се одржува во Никозија, Кипар.
Во македонскиот тим на овој престижен натпревар, освен Максимовски и Бајрактаров беа и Филип Михов и Марко Ќаласан, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и д-р Марија Михова од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Како што информира Здружението на информатичари на Македонија, Максимовски беше на чекор до освојување на сребрен медал, а покрај Бајрактаров и останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа солидни резултати.
- Овој резултат претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на меѓународните информатички олимпијади во последниве неколку години и уште еден доказ за знаењето и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици, се вели во соопштението од Здружението на информатичари на Македонија.
Балканската олимпијада е годишен настан на кој партиципираат 12 држави со тимови од четворица натпреварувачи. Во последните три години оваа балканска организација ја предводи д-р Миле Јованов, професор од ФИНКИ.
На годинашната Балканска олимпијада по информатика учествуваат вкупно 41 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.
Нашиот тим беше избран во целогодишен циклус натпревари организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Докстеам и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.
Следната, 25. Балканска олимпијада по информатика ќе се одржи идната година во Молдавија. Пред македонскиот тим е предизвикот за Интернационалната олимпијада по информатика која се одржува во август во Казањ, Русија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дванаесетте директори на Хирургија и министерот Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено
-
Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-
Нетанјаху повикан во американскиот Конгрес додека продолжува офанзивата во Рафа
-
Во Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград
-
Донг: Кина отворена за редовна воена комуникација со САД
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено