-->
-->
Две лица се повредени откако со мопед на четири тркала удриле во ѕид од куќа
-->
Две момчиња се здобиле со повреди, од кои едното со скршеници во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во селото Беловиште, Гостиварско. Тие се возеле на нерегистриран мопед на четири тркала по локален пат и откако возачот С.С.(18) загубил контрола удриле во ѕид од куќа.
Според првичните информации од увидот, возачот немал возачка дозвола, а брзината со која се движел четирициклот не била прилагодена. Од силината на ударот, заедно со совозачот и возилото се превртеле.
Набрзо по несреќата, двајцата биле прфлени во гостиварската болница, по што совозачот М.Р. (18) бил задржан, а возачот, С.С. заради тежината на повредите бил префрлен на скопските клиники.
Со овластување на Јавен обвинител, увид извршила полициска екипа, а причините и околностите на несреќата дополнително ќе се утврдуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени