Спорт плус
2. May 2022 - 19:47

Две победи на Стојовски во Бар

Македонскиот атлетичар  освои две први места на трките на 100 и 400 метри на митингот во црногорскиот град Бар.  На трката на 100 метри Стојоски со времето 10.59 постави и национален рекорд. На трката на 400 метри македонскиот атлетичар ја победи конкуренцијата со време 46.99.
    
Со овој рекорд Стојоски ги држи македонските рекорди во седум дисциплини: 100 метри, 200 метри и 300 метри на отворено, потоа 400 метри, 200 метри во сала, потоа 400 метри У23 на отворено и во сала.