Македонија
15. July 2024 - 16:32

Две третини од полуматурантите се запишале во стручни училишта

За прв пат по долго време нема приемни испити во најатрактивните гимназии туку остануваат и слободни места за упис. Оваа година поголем број од полуматурантите се одлучија да учат по струка. 15 481 ученици се запишале во стручно а само 4652 во некоја од гимназиите.  Политиките на МОН конечно даваат резултати, изминативе неколку години дуалното образование е попримамливо за учениците. Освен теоретски дел во текот на образованието се стекнуваат и со пракса во компаниите.

Повеќе од 450 ученици во Македонија се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк. Од мрежата на германски комори во странство велат  неопходни им се квалификувани кадри за компаниите што работат во државата.

Од сојузот на средношколци велат од оваа година, средношколците кои ќе учат по струка ќе се подготвуваат за полагање на стручна матура која ќе биде со поинаков избор на предмети од државната. На овој начин ќе се направи сооодветна селекција на кадар кој ќе му биде потребен на стопанството.

И натаму актуелни се средните медицински училишта каде и годинава беа спроведени тестирања за селекција на ученици во Панче Караѓозов Скопје, Димитар Влахов во Струмица, Цветан Димов за здравствената струка медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.