Две успешни акции на полициски службеници за спасување на лица
Полициските службеници вчера извршиле две успешни акции за спасување на лица заглавени во снежни наноси и лица заглавени во објект кај ски-лифот на Попова Шапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје вчера побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.
- Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено, стои во соопштението од МВР.
Додека, во СВР Тетово вчера било пријавено дека две малолетни лица од Скопје се наоѓале во објект кај ски-лифтот на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат.
- Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со Ратрак излегле на местото и околу 16:20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска