Македонија
19. April 2018 - 10:19

Две жени повредени во пожар во куќа во Струга

Вчера околу 11,30 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во Струга на улицата „Боро Шаин“, во куќата сопственост на С.Д.(69), избувнал пожар во една од собите во која внатре се наоѓала Л.Д.(62), при што се здобила со тешки телесни повреди (изгореници).

Истата била префрлена во Медицинскиот центар во Струга од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Комплекс Клиники “Мајка Тереза“.

При извлекување на Л.Д. од собата со телесни повреди се здобила Ф.Д. (31) која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на слуачјот.