Дводневна акција за генерално чистење на Скопје
Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во соработка со останатите градски претпријатија денеска почнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.
Во рамки на акцијата ќе се реализираат активности за миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, рачно и машинско метење и отстранување на дивите депонии. „Комунална хигиена“ во девет скопски општини ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во кои граѓаните ќе имаат можност да го одложат стариот мебел, отпадот од електричната и електронската опрема. Претпријатието на терен ќе реализира и едукативни разговори со граѓаните со цел решавање на актуелните проблеми со неправилно одложување на отпадот.
– „Комунална хигиена“ со сите свои капацитети и ресурси се приклучува кон масовната акција за чистење на Град Скопје. Во текот на првите шест месеци од годинава, нашите екипи исчистија и транспортираа 4.674 кубни метри отпад од диви депонии, што претставува зголемување од дури 443 проценти во однос на истиот период минатата година. Ги потсетувамеграѓаните дека хигиената и чистотата на Град Скопје во голема мера зависи од нивните постапки и апелираме до жителите на нашиот град да го почитуваат Законот за јавна чистота и својот отпад да не го одложуваат на јавни површини, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Ново на Сител
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ
-
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини
-
Сообраќајот по влажни коловози, магла во Сарамзалино, Неготино и Струмица
-
Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени