Двојно помалку гласови од локалните за СДСМ во Битола
Дупло помалку гласови освои СДСМ во Битола споредено со локалните избори во 2017 година или поточно во само година и пол. 7000 гласови, пак, изгубени се во споредба со референдумот.
Вчера во првиот круг од претседателските избори во Битола од 81.826 граѓани запишани во избирачкиот список, својот глас го дале 38.476, од кои 1.834 беа неважечки ливчиња.
Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг во Општина Битола за кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова гласаа 17.992 гласачи, додека за кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски заокружија 17.766 гласачи.
Разликата од 226 гласа не е голема или не е решавачка во однос на крајниот изборен резултат, но јасно го отсликуваат поразот на СДСМ на овие избори, бидејќи ова се први избори во последните две и пол години на кои ВМРО-ДПМНЕ успеава да освои повеќе гласови од СДСМ во Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска за време на локалните избори во октомври 2017 годин поведи во првиот круг и освои дури 31.337 гласови или скоро дупло повеќе од сегашните. За кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски тогаш гласаа 17.715 граѓани.
Aко се прави споредба и со референфумот, во Битола 24.852 гласачи гласаа „да“.
Во 2016, пак, на парламентраните избори, СДСМ во Битола имаше освоено 26.741 глас или за над 2.200 повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
