Бизнис
17. January 2022 - 21:22

Двојно повеќе одобренија за градба во ноември од истиот период лани - цените на становите нема да паѓаат

Речиси двојно повеќе одобренија за градба се издадени во ноември, во споредба со истиот месец претходната година, објави статистиката. Договорната вредност на работите бележи пораст од скоро 400 отсто. Најголем дел, над 60%  се одобренија за изградаба на станови. Дали ова значи дека цената на метар квадратен годинава ќе падне? Градежниците велат – не. Напротив, ќе се обидат да ја задржат ланската цена, поради поскапените материјали и повисоката цена на струјата.

Според статистиката, најмногу ќе се гради во Скопје, каде што цената на метар квадратен е највисока. Дотигнува и до 1,500 евра за квадрат. Следуваат Струмица, Охрид и Гостивар. Гледано по општини 39 Карпош е на врвот каде ќе никнат најмногу новоградби – 39, но во Аеродром,  се планира во 8 згради да се вселат најмногу луца... Во нив ќе има дури 598 станови.

И Народната банка објави дека лани цената на становите уривала рекорди. Зголемена е за над 11%. Највисок пораст во изминативе 15 години на недвижнините во Европа регистрира и ЕВРОСТАТ. Најмногу, 22% во Чешка, незначителен во Кипар, Италија и Шпанија, а најмалку, под 1 отсто поскапеле становите во Романија, Финска и Данска. Според градежниците, кај нас за една година, недвижнините поскапеле за 20 отсто.