Македонија
27. March 2023 - 16:32

Џафери се мачи да го екипира владејачкото мнозинство

Дури четири закажани седници, ниту една изгласана точка и само 40-тина минути работа во првиот дел од собранискиот ден. Праксата на собранискиот спикер Талата Џафери да закажува повеќе седници со недовршени точки што чекаат гласање со цел да го екипира владејачкото мнозинство денеска не помина. Власта не успеа да собере најмалку 61 пратеник за гласање.

Единствената диксусија беше за новиот закон за парнична постапка, кој речиси две години е во собраниска процедура, но никао да дојде на дневен ред.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека законот носи европско знаменце иако се прави усогласување со европското право на само 13 од 520 членови.

За власта пак, законот бил долго и добро пдоготвен.

Пратениците ќе имаат и скратена собраниска недела. Седницата за пратенички прашања наместо во четврток, ќе се одржи утре, а во среда пак, ќе има само свечена седница со обраќање на австрискиот претседател.