Џамбазов од болница право во Слепче!
Завчера Игор Џамбазов, по две интервенции на екстремитетите, со добри прогнози од лекарите и срдечно испраќање на персоналот во „Филип Втори“ замина на домашна нега, пишува Утрински.
„Игоре, алал да ти е - низ шега ја протурка и оваа сериозна работа во животот“ - е една од многубројните пораки што постојано ги преплавуваат социјалните мрежи. Добро здравје, охрабрување, желби за брзо закрепнување..., сето тоа го има на официјалниот ФБ-профил на Игор Џамбазов, на неговите фан-страници и секаде каде и да се појават фотографиите на популарниот шоумен, кој завчера е пуштен на домашно лекување што ќе се случува во саканото му Слепче.
Игор имаше две интервенции на нозете, а вчера на сајтот на болницата (www.filipvtori.mk) се огласија и од тимот кој се грижеше за неговото здравје.
„Престојот на Игор во нашата болница беше приказна која ќе се раскажува долго поради неговиот посебен дух. ...Џамбазов дојде со болки во левата нога и по детален преглед, се донесе одлука за итно оперативно лекување, по што имаше уреден проток на крвта.... На компјутерот беше верифицирано дека има промени во циркулацијата и на десната нога, поради што во втор акт се одлучи да се направи бајпас... Постоперативно се доби одличен доплер-наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична“ - вели медицинскиот директор на болницата, д-р Тања Анѓушева.
Постојано друштво на Игор во болницата му беа неколку пријатели, татко му Александар, а во експресна посета и како засилување од Сингапур, допатува и сестра му Тања, неговиот ветер во грб.
„Не удира гром во ваква дебела коприва“ - во свој стил коментира Игор Џамбазов, кој за почеток, како вовед во здрав живот, го откачи својот најголем непријател што 35 години му дишеше во врат - цигарите.
„Тука научив една многу важна работа, не колку е важно да се чува здравјето, тоа го знам од дете, туку колку малку е потребно за да се зачува. Еве веќе две недели не пушам цигари и тоа ми е најголемата пауза во последните 35 години. Ќе се обидам конечно да се откачам од нив.“
Докторските наоди и прогнози се оптимистични и време е за отворање на уште едно животно поглавје. Следната станица на Игор е неговото омилено село Слепче, каде што веќе извесен период покрај инспирацијата за пишување, целосно го наоѓа и душевниот мир. Во провидните сенки на дабовата шума, познатиот шоумен ќе ги наполни дробовите со воздухот кој вреди да се дише.
И уште еднаш ќе си потврди каква величествена работа е животот.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот