Свет
24. May 2024 - 8:36

Џефри Ховениер: Приштина во 2013 година се обврза за ЗСО

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека во 2013 година Приштина се обврзала да формира Заедница на српски општини поради што е неопходен чекор испраќањето на нацртот на ЗСО до Уставниот суд во Приштина.

 „Очекуваме Косово да ги исполни сите свои обврски.

И според нас, за Косово, тоа итно вклучува напредување за ЗСО, односно испраќање на нацрт-статутот до Уставниот суд на уставна оцена“, изјави Ховениер за РТК.

Тој посочи дека постои нацрт-статут на ЗСО, што го подготвил специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.