Џеј Ло тренира бокс и има љубовна врска со нејзиниот партнер за вежбање
По неколку месеци заврши снимањето на новата телевизиска серија „Нијанси на сината“ („Shades of Blue“) во која главната улога ја толкува Џенифер Лопез.
Џеј Ло ја игра полицајката Харли Сантос, која пука во нејзиниот партнер за да лажира место на злосторството и за да го заштити.
Според она што може да се види од трејлерот на серијата, Харли изгледа како злобна и итра полицајка, која тренира бокс и има љубовна врска со нејзиниот партнер за вежбање.
Трејлерот од серијата го објави и самата Лопез на нејзината страница на Фејсбук.
- Многу сум горда на „Нијанси на сината“. Видете го трејлерот веднаш. Кој мисли дека сме и кои сме всушност ние... дали тие две карактеристики се некогаш исти, напиша Џенифер под трејлерот.
Емитувањето на првата епизода од серијата е закажано за 14 јануари 2016 година.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи