Џон Малкович стана хрватски државјанин

Денес, на кратка, но важна церемонија, му ја предадовме одлуката за хрватско државјанство на Џон Малкович. Светски познатиот актер, кој ја обележа кинематографијата со бројни улоги, презеде нова улога и стана хрватски државјанин – напиша хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на социјалните мрежи и му посака добредојде.
Познатиот американски актер бил примен во Бански двори од премиерот Андреј Пленковиќ кој порачал дека е среќен поради тоа што актерот ги негува своите хрватски корени.
-Го примивме Џон Малкович во Бански двори и заедно со министерот за туризам Тончи Главин и директорот на Хрватскиот туристички завод Кристијан Станичиќ, разменивме мислења за хрватската култура, туризмот, спортот и бизнисот – објави премиерот на Xрватска.
-Долгата кариера на Џон и неговиот уметнички успех се голема инспирација за помладите генерации и ни е мило што тој гордо ги негува своите хрватски корени – нагласи Пленковиќ.
Малкович е еден од најпочитуваните американски актери и играл во повеќе од 70 филмови. Меѓу другото, во „Полињата на смртта“, „Империја на сонцето“, „Опасни врски“, „На линијата на огнот“ и „Да се биде Џон Малкович“.
Тој е подеднакво познат и по својата работа на сцената. Двапати бил номиниран за Оскар и три пати за Златен глобус.
Неговите прадедо и прабаба емигрирале во Соединетите Држави од градот Озаљ во Карловачката жупанија. Неколку пати ја посетил Хрватска, и приватно и гостувајќи со претстави.
МИА
Ново на Сител
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
