Џонсон планира на Г7 да иницира нови санкции против Талибанците
Велика Британија планира да иницира нови санкции против талибанците на утрешниот состанок на Г7, на кој ќе се разговара за кризата во Авганистан.
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој во моментов претседава со групата, во која се и САД, Италија, Франција, Германија, Јапонија и Канада, го свика самитот, откако талибанците ја презедоа контролата врз целиот Авганистан.
Неименуван владин претставник кажа дека Велика Британија верува дека Г7 треба да размисли за економски санкции и недавање на помошта доколку талибанците ги прекршат човековите права и дозволат нивната територија да биде упориште на милитантите.
„Од витално значење е меѓународната заедница да работи на обезбедување безбедна евакуација, спречување на хуманитарна криза и поддршка на авганистанскиот народ“, напиша Џонсон на Твитер по свикување на состанок на Г7.
Талибанците минатиот викенд ја презедоа контролата врз Кабул со превратот што ги принуди цивилите и авганистанските воени сојузници да побегнат заради безбедност.
Многумина велат дека се плашат од враќање на строгото толкување на исламскиот закон, кое беше наметнато за време на претходното владеење на талибанците, што заврши пред 20 години со интервенцијата на САД.
Ново на Сител
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
