Џорџ Мајкл починал од природна смрт

Пејачот Џорџ Мајкл починал од хронична болест на срцевиот мускул - кардиомиопатија, миокардитис и масен црн дроб, соопштија истражителите задолжени за истрагата за смрта на популарниот пејач.
- Потврдена е природна смрт, боледувал од кардиомиопатија, миокардитис и масен црн дроб, а истрагата е прекината и нема потреба од натамошна истрага или испитувања, изјави главниот лекар кој ја работеше обдукцијата.
Џорџ Мајкл, кој по потекло е Кипранец, беше пронајден мртов на 25 декември во својата куќа во Лондон, а во јавноста се шпекулираше за причините за неговата смрт.
Полицијата која била повикана во домот во првото соопштение истакна дека смрта на пејачот е „необјаснива“, но дека не ја третира како сомнителна.
Според британските закони, ваквиот аклучок на истржителите за причините за ненадејната смрт на Мајкл, значи дека полицијата или кој било друг нема да покренува друга истрага.
Во објаснувањето се вели дека срцето на пејачот било зголемено, а црниот дроб опасно натечен, што се објаснува со прекумерното конзумирање алкохол и дрога.
Неговите пријатели изјавуваат за лондонските весници дека смртта е последица на обилното пиење и дрогирањето и покрај обидите да се ослободи од овие свои пороци.
Еден негов поранешен партнер рекол дека по таквото однесување, „телото на Мајкл едноставно, повеќе не можело да издржи“.
Џорџ Мајкл стана познат како член на поп групата „Вем“ во осумедестите години на 20 век, но стана светска пејачка ѕвезда во текот на неговата соло кариера.
Ново на Сител
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
