Џозеф: САД му дадоа зелено светло на Александар Вучиќ да ја ескалира ситуацијата на Косово
САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места, изјави денеска Едвард Џозеф политички аналитичар од Вашингтон и познавач на Балканот.
Како што јави дописникот на МИА, САД и ЕУ, според Џозеф, претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата.
Додаде дека косовскиот премиер можеби заслужува критицизам, на дека САД отишле предалеку откако Вашингтон даде до знаење дека односите со Приштина ќе бидат оштетени поради четирите градоначалници.
-Според законот, Косово е во право. Тие имаат право на тоа, Србите ги бојкотираа овие избори кои водеа кон тоа да бидат избрани овие четири градоначалници – изјави Џозеф.
-Александар Вучиќ ја ескалира ситуацијата на Косово иако де-факто се согласи на признавање во март (на преговорите во Охрид) благодарејќи на посредништво на ЕУ и САД.
Дигање тензии е последното нешто што треба да го прават како Косово така и Србија, изјави Џозеф.
-Но оваа тензична ситуација му одговара на Вучиќ, кој е под голем притисок дома, со досега незабележани масовни демонстрации против неговата власт. Тој сака да се претстави како голем патриот, бранител на Косово и на косовските Срби, точно во време кога е под огромен притисок дома – рече тој.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
