ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
Животот лани поскапел за 3,5%. Државниот завод за статистика ја објави годишната стапка на инфлација. Таа е значително пониска од 9,4% лани и над 14% во 2022та
За Премиерот бројките се очекувани. За оваа година најави засилена економска активност пред се преку инвестиции во инфраструктурата. По отворањето на експресниот пат кон Крива Паланка, идната недела најави отворање и на делницата од Градско до Фариш.
Мицкоски вели дека стандардот на граѓаните останува во фокусот на Владата и оваа година. По растот на платите во јавниот сектор, пред се во здравството и образованието како и линераното зголемување на пензиите, Премиерот вели дека проблем останува однесувањето на трговците кое ќе се следи преку инспекции.
Во СДСМ се сомневаат во капацитетот на инспекциите. Констатираа дека граѓаните поминале тешки празници.
Државниот завод за статистика пресмета дека ланскиот декември бил за 2,4% поскап од оној во 2023, што е идентична стапка на инфлација со онаа во ЕВРОЗОНАТА.
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар