ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека синоќа пред 23:00 часот повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови. Еден час подоцна пожарот бил изгаснат и затрупан.
- На местото веднаш се упатија скопските пожарникари кои почнаа со гаснење, но поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машини кои веќе беа таму, а брзо пристигнаа и нивните возачи. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата, се наведува ДЗС.
Во неделата депонијата „Дрисла“ ја посети и премиерот Христијан Мицкоски. - Благодарение на навремената интервенција на службите, ситуацијата е стабилна и не постои опасност за понатамошно ширење, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
МИА
Ново на Сител
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-

Со победата над Парма, Интер стигна до нова титула во Серија А
-

Мерц вели дека царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија
