ДЗС во Крива Паланка со препораки за граѓаните од повисоките места и оние кои се движат во планина
Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка ги сподели препораките за граѓаните од повисоките предели и сите граѓани кои се движат во планина во зимски услови,со кои ќе се превенираат несакани последици и ќе се заштитат граѓаните.
Согласно препораките за граѓаните од високите реони се препорачува навремено да се снабдат со неопходните намирници: доволни количини храна и лекови за сопствени потреби и храна и лекови за домашните животни, да имаат обезбедено телефонски врски,по можност мобилни, да внимаваат на покривите и во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат, редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
Митко Ангеловски, раководител на ПЕ на ДЗС Крива Паланка рече дека од голема важност е комуникацијата на населението со службите.
– Апелирам граѓаните навремено да информираат за настанати непогоди и несреќи, а докоолку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторни возила, трактори и други превозни средства, за да не наидат на проблеми на необезбедени места, рече Ангеловски.
ДЗС поради временските услови, нагли промена на температурата, појава на магла и слично, на сите граѓани на Република Македонија кои оваа зима ќе одат на планина, им препорачува: континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација, да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема, да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот, да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека, да им бидат наполнети батериите на мобилните телефони и да одржуват конекција со своите роднини и пријатели, луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри.
На планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови им се препорачува да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.
Ново на Сител
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск