Loading Video...
Ракомет
29. November 2022 - 10:53

Е. Пелистер против Морор Запорожје ќе ја брка втората победа во Европската лига

 
Единствениот македонски претставник на меѓународната ракометна сцена, Еурофарм Пелистер во овие моменти го игра својот четврти натпревар во ЕХФ Европската лига. 
 
Битолчани на неутрален терен во Дортмунд, Германија, ја играат средбата против украинскиот Мотор Запорожје во рамките од Д групата. 
 
Пелистерци ја бркаат втората победа и тоа на гости, откако во 2.коло славеа во Португалија кај Агуаш Санташ, додека двата меча на домашен терен со Архус и Фуксе Берлин ги загубија. 
 
Нивниот вечераше противник Мотор Запорожје сите три одиграни натпревари ги загуби. 
 
Евентуален триумф би значело и чекор поблиску до освојување на 4.место кое носи пласман во нокаут фазата, имајќи во предвид дека португалскиот тим вечерва гостува во Берлин, па во таков случај Пелистер би имал 4, а неговите конкуренти би останале без ниту еден освоен бод.