Loading Video...
Ф1
17. March 2019 - 10:23
Еден-два победа на Мерцедес на стартот на сезоната во Ф1
Валтери Ботас е победник на стартот на новата сезона во Формула 1, триумфирајќи на австралиското Гранд-При.
Пилотот на мерцедес, кој стартуваше како втор, поведе уште од стартот и го остави зад себе светскиот шампион и тимски колега Луис Хамилтон. Место на подиумот обезбеди и Макс Верстапен со Ред Бул од тимот на Хонда.
За Финецот, Ботас ова е четврти триумф во кариерата.
Лош ден во Мелбурн имапе Ферари, откако Себастијан Фетел немаше шанса да се бори за место во челото и остана само четврти, а зад него се нареди неговиот тимски колега Леклер.
Следната трка во Ф1 шампионатот е за две недели (31 март) и тоа Големата награда на Бахреин.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->