Еден месец во Дебар нема нов случај на заразен со Ковид-19
На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје речиси еден месец нема нов случај на заразен со Ковид-19.
Последните два случаи на новозаразени се регистрирани на 19 октомври, месец во кој беа потврдени само четири нови случаи, наспроти септември кога беа потврдени 112 и август 357 новозаразени.
– Подолг период, односно 26 дена немаме нов случај на заразен со Ковид-19. Во исто време немаме ниту активни случаи. Оние три случаи кои се во официјалната статистика се веќе оздравени, но нивните матични лекари сè уште немаат доставено соодветно известие за да може да се избришат од списокот, велат од работната единица.
Додаваат дека епидемиолошката состојба може да се оцени како стабилна, но и понатаму, препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита од ширење на опасниот вирус.
Од почетокот на пандемијата, на ова подрачје, кое беше прво жариште, потврдени се 1.453 заразени лица, од нив за жал битката со невидливиот непријател ја изгубија осумдесетина лица.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа