-->
-->
Еден од терористите имал 25 години - Објавено името на напаѓачите во Брисел
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/march/365613-go-odmazdil-kolegata-od-pariz-objaveno-imeto-na-eden-od-napagjachite-vo-brisel-45919.jpg?itok=AQcT3LcE)
Белгиските медиуми објавија снимки од осомничените за денешните терористички напади на аеродромот во Брисел, за кои одговорноста ја презема организацијата Исламска држава (ИСИЛ).
Станува збор за снимки од безбедносните камери на аеродромот, на кои се гледаат тројцата осомничени. Според информациите од белгиските медиуми, еден од нив е и Наџим Лашрауи, поврзан со главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам, кој во петокот беше уапсен во Брисел.
На снимката може да се видат тројца мажи кои туркаат колички со куфери во зоната на аеродромот наменета за пријавување на патници. Двајца имаат темна коса, додека третиот носи шапка.
Канцеларијата на белгискиот обвинител денеска соопшти дека Лашрауи е идентификуван како уште еден соучесник во минатогодишните напади во Париз.
„Истрагата покажа дека лицето Суфијан Кајал може да се идентификува како Наџим Лашрауи, роден на 18 мај 1991 година. Според нашите информации тој патувал за Сирија во февруари 2013-та година", информираше белгиското обвинителство во своето соопштение.
Во меѓувреме, полицијата извршила претрес на стан во Брисел, за кој се верува дека служел како база на тројцата терористи, објавуваат белгиските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото