Еден отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Франција се случиле дома

Смртни случаи во домашни услови претставуваат еден отсто од вкупно починатите од новиот коронавирус во Франција, според првичните проценк, објавени денеска од јавната здравствена агенција „Санте публик Франс“, која ќе даде конечна проценка до јуни.
-Според нашите првични сознанија, смртните случаи дома претставуваат еден отсто од смртните случаи на Ковид, но премногу е рано да се даде конечна проценка.Таа ќе биде објавен пред крајот на јуни, рече Женевиев Шен, директорка на јавното здравство на Франција, во интервју за „Ле Паризиен“.
Здравствената агенција моментно ги анализира уверенија за смртта, „кои главно се напишани на хартиен документ, во кои е наведена причината за смртта“ и „само 20 отсто се електронски уверенија“. Затоа е потребно повеќе време за внесување и дигитализација на сите податоци, објаснува професорот Чине. Таа жали што овие електронски сертификати не биле воведени после смртоносниот топлотен бран од летото 2003 година, затоа што „во оваа криза, тие би биле екстремно корисни“, и таа верува дека тие „мора да влезат во општа употреба“.
Според француските здравствени власти од почетокот на епидемијата на 1 амрт во Франција вкупно починале досега 28 022 лица.
Јавното здравство на Франција, исто така, ја завршува истрага за 14.000 лица со серолошки тестови, со кои се овозможува откривање на антитела на вирусот во крвта, објавува директорката.
-Овие бројки ќе бидат објавени наскоро, така што ќе имаме фотографија, според возрасната група и регион, на бројот на заболени лица“, рече таа.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
