Loading Video...
Балкан
27. September 2021 - 12:25

Еден починат и неколкумина повредени во земјотресот на Крит

Едно лице загина а осум други се повредени како резултат на земјотресот што со јачина од 5,8 степени според рихтеровата скала го погоди пристаништниот град Икралио, на грчкиот остров Крит. 

Земјотресот се почувствувал на целиот остров како и на островот Санторини. Атинскиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот се случил вв 9 часот и 17 минути по локално време а епицентарот бил на 246 километри југоисточно од Атина.

Во меѓувреме Турција издаде прдупредување за цунами.