Еден убиен и повеќемина ранети во напад во американска военопоморска база во Пенсакола
Во военопоморската воздухопловна база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида, денеска дојде до тежок вооружен инцидент во кој едно лица загина, а повеќемина други се повредени, јавија американските меидуми. Во инцидентот загинал и самиот напаѓач.
Базата потврди дека на нејзина територија имало воружен напаѓач, кој отворил оган врз луѓето во неа.
Според непотврдени информации, во нападот има околу 10 ранети лица, по што напаѓачот бил убиен.
Службата на шерифот на округот Ескамбика, соопшти на Твитер дека може да „потврди дека веќе нема активен напаѓач во Пенсакола. Тој е прогласен за мртов“.
Американските военопоморски сили на Твитер потврдија дека, освен осомничениот напаѓач, во вооружениот инцидент е убиено и друго лице.
На местото на инцидентот се распоредени три медицински хеликоптери и неколку воени возила за прва помош.
Пукањето доаѓа само два дена откако артилерец уби двајца цивили и рани уште тројца во копнената база Перл Харбур-Хикам, на Хаваите, пред самиот да си го одземе животот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка